Храна која го намалува потењето

Покрај редовната хигиена и секојдневното разладување, телото за време на летниот период се поти повеќе од вообичаеното.

hrana-koja-go-namaluva-potenjeto-01

А, затоа што потта не е најпријатната појава, ова е храната која ќе ви помогне успешно да се изборите со неа:

1. Храна богата со влакна

Во лето почесто консумирајте храна богата со влакна, како што се јаткастите плодови, шумското овошје, зеленчукот со зелени листови и интегралните житарки. Додека траат жештините, ова нека ви биде 90% од храната која ја внесувате.

2. Калциумот е решение

Црвеното месо заменете го со лосос. Оваа риба содржи голема количина на калциум кој помага при намалувањето на потењето. Нема да погрешите и ако земете портокал или брокула.

3. Дрво на слободата

Индиска билка која не е многу позната кај нас, но се смета за моќен антиоксиданс. Прашокот од дрвото на слободата може да го пронајдете во продавниците за здрава храна.

Во шолја врела вода додајте 1/3 лажичка од овој прав и промешајте. Ако течноста е горчлива, помешајте малку мед и лимон. Консумирајте 3 пати дневно, а најважно е првата чаша да ја испиете наутро, на празен стомак.

4.Маслиново масло

Маргаринот и сончогледовото масло се претвораат во штетни состојки кои исфрлаат токсини низ кожата, па затоа во летниот период заменете ги со маслиново масло. Полесно е за варење и богато со антиоксиданси кои го освежуваат телото.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg