Зошто се штрекнуваме во сонот и како да го спречиме тоа?
Штрекнувањата во сонот се поврзани со нервите, односно со нивното надразнување. Но, тоа не значи дека сигнализираат некоја болест. Понекогаш сред ноќ се будите поради тресењето на рацете, нозете или пак на целото тело.
Станува збор за физиолошка реакција и најчесто се случува кога мускулите се опуштаат, веднаш на почетокот на сонот. Колку сте поуморни, толку штрекнувањата се почести и посилни.
Нервните мускулни реакции се поврзани со соновите. Доколку сонувате каква било активност, можно е да ви треперат одделни делови од телот. Тоа е силата на потсвеста која останува будна дури и кога спиеме.
Истото се случува и ако ве болат некои делови на телото – треперењето во тој случај ќе биде реакција на вашето тело на болка и така ќе ја намалите непријатноста.
Штрекнувањето во сон може да ве разбуди, па за да го спречите или намалите тоа, докторите советуваат:
-Избегнувајте стресни ситуации бидејќи се голем непријател на здравјето.
- Пред спиење испијте липов чај или слична билна мешавина за да ви се опушти телото пред да си легнете.
- Топла купка пред спиење исто така помага во опуштање на телото.
- Обидете се да легнете на време и да спиете по 8 часа дневно.