Послаби и поздрави со една чаша вода наутро
Пиењето една чаша вода на празен желудник наутро има бројни здравствени придобивки. Не само што ќе го одржите здравјето, ќе го подобрите варењето, туку и ќе го забрзате метаболизмот, што придонесува за витката линија.
Водата помага за создавање на нови крвни клетки, мускулни ткива и одржување на тежината или слабеење.
Не само што ќе ви го прочисти желудникот, туку ќе го намали и ризикот од развојот на низа болести.
Водата ги измива цревата и ја зголемува способноста на желудникот да ги апсорбира хранливите состојки од јадењето кои се полесни за варењето, како предуслов за здравјето.
Една чаша вода наутро ве освежува и ви ја подобрува кожата, ја прави почиста и посјајна, бидејќи го поттикнува излачувањето на токсините од организмот.
Стручњаците препорачуваат, по пиењето на чашата вода да не се тргне веднаш кон фрижидерот, туку малку да се почека до првиот оброк.
Водата го потпомага забрзувањето на метаболизмот, а со тоа и слабеењето.