Подгответе се за сончање: 9 намирници кои ја штитат кожата
Сега е идеално време да започнете со нега на вашата кожа, само неколку недели пред да се изложите на врел песок и силно сонце.
Нутриционистот Пол Симпсон советува што би требало да јадете за време на топлите денови за да не завршите со бори, изгореници и дамки од сонцето.
Лубеница - Составена од 90% вода и збогатена со витамин Ц, лубеницата е неопходна за произведување на колаген.
Шумско овошје - Малини, капини, јагоди... Полни се со антиоксиданси кои ја штитат кожата од штетното дејство на сонцето.
Ананас - Освен витамините и минералите, ова тропско овошје содржи и бромелин кој помага против воспаленијата на кожата.
Цитрусни овошја - Портокалите, лимонот, грејпфрутот и лиметата содржат витамин Ц кој го поттикнуваат производството на колаген, а богати се и со аминокиселини кои ја подмладуваат кожата.
Краставица - Исто како и лубеницата, краставицата е одлична за хидратација и подмладување.
Домат - Ликопенот од овој зеленчук буквално ги брише тенките бори од кожата.
Листови од глуварче - На нашите простори не се користи како храна, но сигурно ќе го испробате откако ќе откриете дека листовите се полни со витамини А, К и Ц.
Лосос - Омега3 масните киселини се клучот на здравата, младата и убавата кожа.
Кокосова вода - Одлична е за младешки изглед и еластичност на кожата. Полна е со калиум, ја подобрува циркулацијата и го хидрира организмот.