Како пилулата за „ден потоа“ влијае на вашето тело?
Иако пилулата е тука да ве извлече од незгодната ситуација во последен момент, пилулата за ден потоа има големи влијанија врз вашиот организам кои можеби не ги знаевте.
Ако ви се случи незгода и се решите да земете пилула за ден потоа, еве што мора да знаете:
Како функционира пилулата?
Таа содржи големо ниво на хормони кои ја запираат овулацијата. Го спречува ослободувањето на созреаната јајце клетка, со што значително ги намалува шансите за бременост.
Очекувајте несакани ефекти
Откако ќе ја испиете пилулата, во наредните 24 часа може да почувствувате некои несакани симптоми. Тука спаѓаат мачнините, болката во долниот дел од стомакот, силни главоболки, неподнослива исцрпеност и чувствителност.
Мало крвавење е нормално
Големи се шансите да ви се случи таканаречениот атипичен период кој вклучува кратко крвавење. Меѓутоа, ако крвавењето потрае неколку дена и наместо да се намалува станува пообилно, задолжително посетете лекар.
Како пилулата влијае на вас?
Пилулата има различен ефект кај сите жени - некои не чувствуваат никакви промени, а кај некои пак хормоналната терапија може да направи големи промени во секојдневието. Најдобро е неколку дена по земањето на пилулата да одморите и да ги следите промените на вашето тело, за секој случај.