Кинеска медицина: Како без лекови за 5 минути да го намалите крвниот притисок?

Зголемениот крвен притисок е болест на модерното време, а поврзан е со зголемениот стрес , недостатокот на сон, дебелината, солената храна, пушењето и зголеменото консумирање алкохол. Кај секој човек постојат моменти кога има зголемен крвен притисок.

kineska-medicina-kako-bez-lekovi-za-5-minuti-da-go-namalite-krvniot-pritisok-01

Под дејство на стрес или прекумерна физичка активност, мускулите се напрегаат, а крвните садови се собираат, тогаш притисокот расте. Она што е најпотребно за да го намалите е да ги опуштите мускулите. Но, не со помош на апчиња и лекови.

Докторот на московскиот фудбалски клуб „Спартак“ , Лу Хансен, ја открива тајната кинеска медицина, како за 5 минути да го снижите крвниот притисок без лекови?

Точка бр. 1

Ова дури и не е точка, туку линија. Таа поминува зад ушните ресички и се протега до средната на клучна коска. Оваа линија не треба да се притиска, ниту да се масира, туку многу полека речиси со незабележливи движења со раката горе-долу, едвај да се допира со врвовите на прстите. Повторете ја постапката 10 пати од едната и 10 пати од другата страна.

kineska-medicina-kako-bez-lekovi-za-5-minuti-da-go-namalite-krvniot-pritisok-1

Точка бр. 2

Оваа точка се наоѓа на делот од лицето на ниво на ушните ресички на оддалеченост од пола сантиметар од увото во правец кон носот.

Овие точки треба да ги масирате по 1 минута од двете страни на лицето, наизменично. Притиснете силно, но никако не претерувајте за да ве заболи.

По овој едноставен третман, крвниот притисок ќе ви се врати во нормала. Како што кажува Лу Хансен, она што е важно е правилниот проток на крвта.

Кинеската медицина смета дека најважно нешто е правилниот проток на крвта до мускулите и ткивата. Ако некаде во организмот има стагнација на крвта, тогаш на тоа место почнува развојот на многу болести.

Доколку, пак, имате регулиран крвен притисок, организмот ќе биде во состојба брзо да ја победи болеста, а масажата на клучните точки помага за сето тоа.

kineska-medicina-kako-bez-lekovi-za-5-minuti-da-go-namalite-krvniot-pritisok-2

Би можело да ве интересира:

Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg