8 начини на кои мажите можат да ја зголемат плодноста
Последните неколку години истражувањата докажаа дека машката плодност е во опаѓање, но сè уште постојат неколку начини на кои мажите може да ја сочуваат, па дури и зголемат истата.
Затоа, започнете со ред:
1. Намалете го стресот. Тој го уништува квалитетот на семената течност, па затоа почесто споделувајте ги своите стресни ситуации, вежбајте или занимавајте се со хоби кое ве опушта.
2. Не претерувајте со алкохолот. Со самото тоа што наместо 4 чашки ќе испиете 1, за 3 пати ќе го зголемите квалитетот на семената течност.
3. Намалете ги цигарите. Или оставете ги, ако можете. Не си го ризикувајте потомството за неколку минути задоволство.
4. Хранете се здраво. Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот внесете ги во секојдневната исхрана, како би го подобриле целокупното здравје, а со тоа и плодноста.
5. Јадете јајца. Содржат многубројни аминокиселини кои го поттикнуваат производството на квалитетна семена течност.
6. Бидете активни, но не претерувајте. 3 пати неделно по половина час е сосема доволно. Запомнете дека златната средина ќе ги даде најдобрите резултати. Во спротивно, напорното форсирање може да создаде хормони кои негативно влијаат на плодноста.
7. Лубрикантите не се добра идеја. Можеби не знаевте, но лубрикантите само ќе ја намалат можноста за оплодување.
8. Одржувајте нормална тежина. Преголемата или премала тежина ги намалува шансите за успешно потомство.