5 начини на кои пријателите ве одржуваат здрави
Покрај тоа што се одлична потпора во животот, пријателите влијаат и на нашето здравје. Многубројни истражувања го тврдат токму тоа – колку повеќе пријатели имате, толку сте поздрави.
Еве на кои начини пријателите го подобруваат вашето здравје:
1. Ги намалуваат шансите за настинка
Едно американско истражување открило дека друштвените личности поретко страдаат од настинки. Точни причини за тоа не се наведуваат, но се претпоставува дека имунитетот е посилен кога сте опкружени со повеќе личности.
Откриено е дека оние кои имаат 6 или повеќе друштвени контакти во текот на денот имаат 4 пати помали шанси за настинка, за разлика од оние кои имаат само 1 пријател.
2. Намалување на стресот
Нивото на кортизол (хормонот на стрес) кај осамените личности е повисок за точно 21% процент за разлика од оние кои во текот на денот гледаат барем еден пријател.
3. Подобро здравје на мозокот
Дружењето го вежба мозокот. Кај младите лица социјализацијата помага при добрата концентрација, додека кај повозрасните личности го намалува развојот на деменција.
Старите лица кои во младоста имале голем круг на пријатели се за цели 43% поздрави и подобро паметат за разлика од оние кои немаат доволно контакти.
4. Понизок крвен притисок
Луѓето со хипертензија кои се советуваат со своите пријатели, го држат своето здравје под целосна контрола, тврдат истражувачите.
Во едно истражување спроведувано цели 4 години откриено е дека луѓето со најмногу контакти имаат најнормален крвен притисок.
5. Подобар сон
Истражувањата кои се занимаваат со здравата страна на пријателствата неодамна докажаа дека лицата со многу пријатели во просек заспиваат 14 минути порано од оние кои имаат малку или пак немаат пријатели.