Како да негувате болна личност
Независно дали моментално сте во ваква ситуација или не, советите околу нега на болна личност во семејството или пријателите и тоа како некогаш ќе ви се најдат. Сите се плашиме од болести, инфекции и смрт, повеќе за нашите блиски личности отколку за нас.
Но, баш во тие моменти доколку се случи нешто такво, треба да бидеме силни и правилно да ја негуваме личноста која ни е драга, сè додека не оздрави. Еве како најдобро се прави тоа.
Прифатете дека личноста е во лоша состојба и помогнете си сами
Прво треба вие да сте во добра состојба и психички подготвени за да ѝ помогнете на другата личност која сигурно се чувствува полошо од вас.
Прифатете дека таа е болна и не мислете на најлошото. Бидете позитивни и пренесете ѝ ја таа позитивна енергија.
Одвојувајте повеќе време за неа
Не е доволно да ѝ посветите половина час само за да се чувствувате како да сте ѝ помогнале. Одвојувајте повеќе време во текот на денот и покажете ѝ дека секогаш сте тука за неа.
Израдувајте ја со подарок
Потсетете се кое ѝ е омилено чоколадо или парфем. Израдувајте ја со ситен подарок кој ќе ѝ ги оттргне мислите од болеста и ќе измами насмевка на нејзиното лице.
Не ја споменувајте болеста
Никако не ја споменувајте болеста во негативен контекст. Правете шеги за неа кои ќе ја насмеат болната личност и потсетувајте ја често дека насмевката е лек за душата.
Дајте ѝ мотивација
Секогаш мотивирајте ја личноста која е болна за да се излечи. Ништо не може да го крене човек од постела како што тоа може да го направи неговата волја и верба дека може да го направи тоа. Мотивацијата е еден вид на охрабрување кое во таков период е неопходно.
Сакајте ја!
Изразете ги емоциите кои долго сте ги криеле во себе. Покажете дека ја сакате и ќе направите сè што е во ваша моќ за да ѝ помогнете, а љубовта е едно од оружјата со кои ќе се борите заедно против нејзината болест.
Како вие се справувате со ваква ситуација?