Јадете паметно: Намирници кои се моќни во дует

Некои намирници се богати со витамини, железо и калциум, додека други се богати со потполно поинакви хранливи материи. За нивно максимално сврзување и искористување, потребно е да јадете паметно.

jadete-pametno-namirnici-koi-se-mokni-vo-duet-01

Дуетите се најпрактична суперкомбинација на храната која ви носи двојно поголема корист.

А, токму ова се хранливите дуети кои треба да ги консумирате најмалку 2 пати во неделата.

Црвена пиперка и сушено овошје

Кога јадете намирници богати со железо, задолжително јадете и намирници богати со витамин Ц, заради полесното сврзување.

Затоа, ако јадете џигер, зелен зеленчук, аричок или суво овошје, задолжително јадете и црвена пиперка, портокал, лимон или домати.

Исто така, комбинирајте ги житарките од цело зрно со боровници, малини, брусници и рибизли. На тој начин вашето тело ќе апсорбира 6 пати повеќе железо.

Зелен чај и лимон

Лимонот го зголемува дејството на моќниот антиоксиданс, па во секој детоксикациски пијалак додадете по половина цеден лимон.

Црно чоколадо и јаболка

Кверцетинот од јаболката во комбинација со антиоксидансите од црната чоколада се одлични за заштита на крвните садови. Штитат од срцеви заболувања, настанување на тромбоцити и ја подобруваат циркулацијата.

Ако на тоа додадете малини, грејпфрут и црно грозје, ќе добиете комбинација која е ефикасен борев против ракот.

Банана и јогурт

Оваа комбинација е одлична против болка во мускулите, односно е богата со гликоза и аминокиселини.

Искусните нутриционисти оваа комбинација ја препорачуваат по долготрајна рекреација или напорен тренинг.

Лосос или туна со брокула

Комбинација богата со витамин Ц и омега-3 киселини која е моќен допинг за мозокот и мозочните функции.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg