Храна која девојките треба да ја избегнуваат за време на „оние денови”

Менструалниот циклус, сам по себе може да биде период исполнет со многу мачнини, грчеви и лошо расположение. Но тука голема улога има и храната која ја консумирате.

hrana-koja-devojkite-treba-da-ja-zbegnuvaat-za-vreme-na-onie-denovi-01

Затоа пробувајте да го избегнувате овој тип на храна за време на вашиот циклус за да не си отежните повеќе:

1. Месо- Премногу калории не се добри за вас во времето на циклусот, затоа е најдобро да го избегнувате месото тие неколку дена. Особено доколку имате јаки болки, калориите ги зголемуваат болките и грчевите.

2. Слатки- Да, сите сакаме сладолед, слатки, чоколади особено уште повеќе ги сакаме за време на менструалниот циклус. Но,пробувајте да ги избегнувате,тие всушност го имаат истото дејство како и месото. Наместо тоа консумирајте чоколада за готвење која е далеку поздрава.

3. Грицки- Избегнувајте чипсови, смоки, конзервирана храна и слично. Наместо тоа подгответе си пуканки и ќе добиете здрави грицки.

4. Кофеин- Не морате целосно да се откажате од кофеинот. Доколку не можете без кафе пијте барем едно на ден и избегнувајте газирани сокови кои во себе содржат кофеин.

5. Алкохол- Уште по првата испиена чаша алкохол можете да забележите дека и вашиот циклус станува пообемен. Затоа е добро да го избегнувате во тие неколку денови, а со тоа ќе ви се намалат и грчевите.

Пожелно е да практикувате да ги употребите овие неколку совети. Не мора веднаш да се откажете од оваа храна и пијалоци, но заменете ги или намалете ги на минимум.

Со сигурност ќе се почувствувате подобро и немате да имате потребна од лекови за намалување на болка.

Како вие се справувате со непријатности во текот на оние денови?

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg