Победете ја анемијата: Храна богата со железо

Лошата исхрана најчесто е главен виновник за недостатокот на железо во крвта, па често пати сите прво посегнуваат по вештачки концентрати и таблети, без да знаат дека постојат најмалку 8 намирници кои се богати со неопходното железо.

pobedete-ja-anemijata-hrana-bogata-so-zelezo-01

Внесете ја оваа храна во секојдневието и успешно изборете се со анемијата за само неколку месеци.

12 остриги - 7mg железо

Совршена вест за луѓето кои уживаат во морската храна и не сакаат црвено месо - остригите се полни со железо и цинк, а имаат малку калории.

Шолја варена блитва - 2,53mg железо

Темно зелените листови се полни со железо, но и со витамин Ц. Додадете малку лимон во салатата од блитва за побрза апсорпција на железото.

150g стек - 5,5mg железо

Стекот е одличен извор на железо, сè додека не претерате со количината.

30g индиски оревчиња - 1,5mg железо

Можеби не ви звучат доволно богати, но кога ќе ги искомбинирате со стек или блитва, ќе добиете здрава комбинација полна железо.

pobedete-ja-anemijata-hrana-bogata-so-zelezo-02

20 школки - 15mg железо

Лесни се за подготвување и вкусни, а покрај тоа се богати со селен, витамин Б12 и големо количество железо.

2 големи јајца - 2mg железо

Исто како и кај индиските оревчиња, јајцата не се претерано богати, но како додаток со главното јадење се одличен избор за оние кои страдаат од анемија.

Шолја сок од сливи - 3,15mg железо

Без, едноставен и највкусен начин за полнење на крвта со железо дефинитивно е сокот од сливи. Секако, препорачливи се и во свежа форма.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg