5 причини заради кои сè уште немате рамен стомак
Сите кои пробале да се ослободат од масните наслаги во пределот на стомакот, разбрале дека тоа е макотрпен процес.
Како мала помош, ви ги откриваме 5-те најголеми грешки кои упорно ви го отежнуваат патот до рамниот стомак:
1. Погрешно вежбате
Секојдневното трчање е добро за вашето срце, но кардио вежбите нема да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги. За таа цел, неделно се препорачуваат 250 минути умерен тренинг и 125 минути интензивен тренинг.
2. Јадете премногу преработена храна
Преработените житарки како што се лебот, крекерите, чипсот и преработените шеќери го зголемуваат нивото на масти во нашето тело. Па, ако покрај напорните вежби ја консумирате оваа храна, се саботирате самите себе.
3. Правите погрешни вежби
Правите стомачни од утро до мрак? Време е да престанете. Кога имате масни наслаги на стомакот, стомачните не ви помагаат - тие се за обликување, не за слабеење на стомакот. Наместо нив, овој краток тренинг може да ви помогне:
4. Под стрес сте
Што повеќе сте под стрес, тоа потешко ви е да ослабете. Главен виновник не е храната која ја користите како утеха, туку хормонот на стресот кортизол кој ја зголемува количината на масти кои вашето тело ги задржува.
5. Немотивирани сте
Дали целосно сте посветени на она што го правите? Ако вистински ви е важно, бидете упорни. Пронајдете ја мотивацијата која нема да ви дозволи да отстапите од здравиот живот.