Најдобри природни лекови за 3 вида главоболка

Дождот и облаците си го прават своето - главоболката расте, а дејството на апчињата сè повеќе се намалува. Затоа, откријте ги ефикасните природни методи со кои можете да си помогнете уште денес.

najdobri-prirodni-lekovi-za-3-vida-glavobolka-01

Главоболка во која чувствувате притисок во главата

Најчесто е предизвикана од стрес или недостаток на сон, а најлесно се лечи со:

Масло од нане - Нежно масирајте го челото и слепоочниците. Чувството на ладење ќе ги опушти мускулите во главата и вратот.

Чај од ѓумбир - Купете свеж ѓумбир и исечете парче од 2-3 сантимерти кое ќе го ставите да отстои во врела вода. Овој чај ги ублажува воспаленијата исто како и аспиринот.


Мигрена

Болката најчесто се јавува во едната страна од главата, а можете да ја намалите со:

Хризантема - Чајот од хризантема врши благ притисок на нервите и помага во спречувањето на мигрената

Акупресура - Оваа древна кинеска метода подразбира нежно масирање на пределот помеѓу палците, 3 до 5 минути. Повторете ја постапката на двете раце.


Главоболка проследена со силни бодежи во главата

Болката во главата која е сконцентрирана во само една точка најчесто се појавува како последица на промена на температурите, а се лечи со:

Црвена пиперка - Без оглед на тоа дали ќе ја консумирате или пак ќе најдете крема со неа, таа ги блокира нервните сигнали за болка и е најбрзото решение кое постои.

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg