10 одлични совети за слабеење од жени кои драстично ослабеле

Губењето на килограмите не е лесно и потребна ви е голема посветеност ако сакате да ја постигнете целта. Сепак, ништо не е невозможно.

10-odlicni-soveti-za-slabeenje-od-zeni-koi-drasticno-oslabele-02

Токму затоа, жените кои успеаја да ослабат неколку десетици килограми ги споделија своите тајни и совети.

Применете некои од нив, можеби ќе ви успее и вас.

1. Побарајте помош од стручни лица

Кога престанала да слабее со диети препишани на своја рака, Џенифер Сијера побарала стручна помош. Од тогаш, изгубила 30 килограми.

2. Започнете одма

Уште кога имала 22 години, Британи Хикс ослабела 50 килограми.

- Што побрзо започнете, толку подобро. Никогаш не е прерано за здрав живот.

3. Пронајдете вежби кои ги сакате

- Многу полесно ќе ви биде да ослабете доколку правите нешто што сакате. Ако не уживате во тоа, тешко дека ќе издржите, рекла Јасмин Фарациан, која ослабела 23 килограми.

10-odlicni-soveti-za-slabeenje-od-zeni-koi-drasticno-oslabele-01

4. Размислувајте што јадете

- Пред да одам во ресторан, на интернет проверувам каква храна има. Треба мудро да бирате пред да јадете, вели Лариса Регето која изгубила повеќе од 45 килограми за 5 години.

5. Планирајте однапред

Џен Талман стекнала навика да ги планира оброците најмалку 5 дена пред консумирањето, за цела седмица да се храни здраво. Така успеала да ослабе 40 килограми.

6. Не одете гладни во продавница

Никогаш не одете во продавница гладни, инаку ќе купувате производи кои не се здрави.

7. Одолејте им на искушенијата

- Во трпезаријата ја носам само мојата чинија со храна. Ако ја сервирате целата храна, веднаш ќе добиете желба да изедете сè што е пред вас.

10-odlicni-soveti-za-slabeenje-od-zeni-koi-drasticno-oslabele-03

8. Зголемете го внесот на протеини

Менди Мартин изгубила повеќе од 20 килограми. Еден од нејзините трикови кои го практикувала биле повеќе протеини за појадок.

Според истражувањата, колку повеќе протеини внесувате, подолго останувате сити.

9. Силата на вежбите

- Не правете само кардио вежби. Подигнувајте тегови и согорувајте калории.

Кристал Сандерс ослабела 30 килограми благодарение на тоа што согорувала дури 40% од мастите преку вежби со тегови.

10. Одлучете се за „сè или ништо“ став

- Ако отстапите од планот и попуштите пред нездравите оброци, тоа е во ред. Јадете поздраво за следниот оброк, а не следниот ден како што многумина прават.

Со ова правило Нина Давулури ослабела 25 килограми и се бореше за круната Мис на Америка.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg