5 намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини
Иако големината на порцијата е клучна во одржувањето на телесната тежина, постојат најмалку 5 намирници кои можете да ги консумирате во неограничени количини.
И не, не мислиме на зелена салата без сол, туку на вкусни залчиња кои можете да ги јадете до кога сакате.
Пуканки
Верувале или не, пуканките се најздрави и најмалку калорични од сите грицки. Класичните пченични зрна испукајте ги во едно големо тенџере со 5-6 капки масло и грицкајте ги кога и да почувствувате глад.
Пуканките немаат калории и содржат влакна кои се добри за системот за варење.
Кисели краставици
Речиси и да не постои човек кој не обожава кисели краставички, посебно оние домашните. Шолја краставички има само 16 калории, па тие се зеленчук кој можете да го консумирате со било каква диета и со било кој оброк во денот.
Carpaccio од тиквици
Ако сè уште не сте го пробале овој специјалитет, рецептот е следниов: исечкајте ги тиквичките на тенки плочки и натопете ги во лимонов сок. По неколку часа, додадете маслиново масло, сол и зачин.
Тајната се крие во лимоновиот сок кој ја топи маснотијата и самиот оброк има мал број на калории.
Чипс од кељ
Ова е најздравата замена за компировиот чипс полн маснотии.
Исечкајте го плодот на дебели стапчиња, премачкајте ги со маслиново масло и испечете околу 10тина минути. Содржи многу малку калории, вкусен е и можете да го јадете во било кое време од денот.
Бадеми, ореви и лешници
Една дланка полна од овие грицки може моментално да ве засити, а во комбинација со сушено овошје се одлични борци против глад.
Слободно грицкајте помеѓу оброците или како замена за обилната вечера.