6 предности заради кои вреди да го внесете авокадото во секојдневната исхрана
Со потекло од Мексико, авокадото има бројни здравствени предности и одличен вкус во едно. Без оглед на тоа дали сте љубител на плодот или сокот од авокадо, погрижете се да го консумирате најмалку 5 пати во неделата.
Ако сè уште не знаете дали треба да го внесете авокадото во секојдневната исхрана, овие 6 причини дефинитивно ќе ве убедат.
1. Авокадото е богато со каротеноид
Каротеноидот штити од болести на очите, па здравата исхрана која вклучува авокадо во салата или во облик на сос е идеална за оние во поодминати години кои сакаат да го сочуваат видот. Без таблети или хранливи додатоци заштитете се од преголем диоптер.
2. Идеално е за намалување на холестеролот
Масната храна и шеќерот кои се главни кривци за високиот холестерол можете да ги држите под контрола ако дневно консумирате по неколку парчиња авокадо. Содржи и фолна киселина која воедно го намалува ризикот од срцеви болести.
3. Авокадото е одличен сојузник во борбата со вишок килограми
Ако се обидувате да ослабете, не постои поедноставен начин, отколку секојдневно да консумирате по 1 авокадо. Плодот е богат со влакна кои го исполнуваат желудникот и подолго време се чувствувате сити. Токму затоа, кога ќе добиете желба за голем сендвич, подобро е да насечкате половина авокадо и да зачините по желба.
4. Го намалува крвниот притисок
Хипертензијата е состојба која мачи милион луѓе низ светот, а често пати се занемарува заради невидливите симптоми. Токму затоа, ако консумирате авокадо, ќе го намалите крвниот притисок кој доведува до оваа состојба, а покрај тоа е богато и со калиум и магнезиум - важен спој за лечење на хипертензијата.
5. Ја подобрува циркулацијата и го одржува мозокот здрав
Лошата циркулација на крвта најлесно се спречува со неколку резенки свежо авокадо, без оглед на релативно високиот калориски индекс. А затоа што циркулацијата е клучна за непрекината работа на мозокот, авокадото посебно се препорачува на повозрасни личности.
6. Авокадото го намалува ризикот од рак на дојка
Благодарение на високото ниво олеински масни киселини, витамин Е и лутеин, половина авокадо дневно може значително да ја намали шансата за рак на дојка.
Сепак, внимавајте на количината која ја внесувате заради високото ниво на маснотии. Најдобра би била консултација со лекар или нутриционист пред да преземете било какви промени во исхраната.