10 начини да слабеете без откажување
Познато ви е дека за симнување на некој килограм вишок треба послабо да се храните, а повеќе да се движите. Сепак, научниците кои се занимаваат со диети и начини на исхрана докажаа дека можете да слабеете успешно и без откажувања.
Наместо класичните диети, задржете се до овие 10 совети кои ќе ве донесат чекор поблизу до совршената линија.
1. Јадете со обратната рака. Ако сте деснак, јадете со лева рака и обратно. Ќе се зачудите по колку кратко време ќе се почувствувате сити.
2. Јадете чили. Заради лутиот вкус е одличен за забрзување на метаболизмот, што значи дека е добар за согорување на калориите. Започнувајќи од денес, чилито нека ви биде главен зачин во секој специјалитет.
3. Јадете ги јаболката со кора. Киселината во кората од јаболката содржи киселина која го разбива холестеролот и шеќерот во крвта.
4. Одберете пудинг за појадок. Житарките и овошјето се без конкуренција, но и пудингот помага. Дури 78% од испитаниците во едно истражување ослабеле појадувајќи незасладен пудинг, за разлика од останатите кои внесувале јаглехидрати.
5. Не ги мешајте намирниците. Кога јадете еден плод или еден вид на храна, телото побргу се заситува. Задржете се до ова правило.
6. Јадете полека. Бавното џвакање е карактеристика на сите слаби луѓе. Додека џвакате брзо трошите помала енергија, а внесувате двојно повеќе калории.
7. Користете голем прибор за јадење. Веќе одамна е докажано дека малите и полни порции побрзо го заситуваат желудникот заради перцепцијата на „полна чинија.“
8. Дружете се со луѓе кои се хранат здраво. Излегувајте со личности кои исто така се грижат за својата линија и никако не појадувајте или ручајте со оние кои секогаш имаат вишок килограми.
9. Јадете во мирно опкружување. Кога сте во пријатна атмосфера со мирна музика имате време за бавно џвакање и поголема можност за разговор, поради што ќе правите поголеми паузи. Спротивно од тоа, брзата музика и гужвата во ресторанот, создаваат стрес поради кој можно е прејадување.
10. Стиснете ја дланката кога ќе посакате нешто слатко или калорично. Стиснатата дланка ја зголемува нашата волја и среќа, заради што поголеми се шансите да ги одминете слатките или нездравите грицки.