5 бели зеленчуци кои треба почесто да ги консумирате
Факт е дека зелените плодови се најздрави, меѓутоа внимателно разгледајте ја зеленчуковата палета на бои и плодови. Белите зеленчуци може да кријат двојно повеќе хранливи вредности како што се калиумот, магнезиумот и влакната.
Затоа, секој ден потрудете се да внесе барем по еден бел зеленчуков плод.
Карфиол
Како и секој друг зеленчук од неговото семејство, содржи големо количество на фолна киселина. Одличен борец е против ракот, го зајакнува коскеното ткиво и го подобрува здравјето на крвните садови.
Печурки
Печурките имаат малку калории, немаат масти, ниту холестерол, немаат глутен, имаат многу мала количина натриум, а богати се со селен, калиум, витамин Д и Б3. Вкусни се, лесни и ви помагаат во борбата со килограмите.
Лук
Веќе одамна е познато дека лукот е најдобар борец против грипот и настинките. Неговите антиоксидансни својства го подобруваат имунитетот, а за да го искористите на најдобар начин, прво исечкајте го и оставете го да отстои пред да го сварите.
Кромид
Хемикалиите кои се наоѓаат во белиот кромид се добри против воспаление на мускулите, а може и да ги олесни симптомите на артритис. Покрај тоа, го намалува ризикот од срцеви болести и дијабетес.
Компир
Белиот компир му обезбедува влакна и калиум на вашето тело, повеќе од било кое друго овошје или зеленчук. 1 компир со средна големина содржи 163 калории, а дури 940 милиграма калиум. Компирот содржи и витамин Ц, Б6 и магнезиум.