5 навики за подобар сон

Секојдневните грижи, динамичниот живот и работните ноќи ви го кратат сонот. Ако често имате несоница или се чувствувате уморни иако спиете доволно, прочитајте ги овие 5 навики кои со сигурност ќе ви обезбедат енергија во текот на целиот ден.

5-naviki-za-podobar-son

1. Легнувајте си секоја ноќ во исто време

Тоа секогаш не е можно, но трудете се преку работната недела да легнувате во исто време навечер. На тој начин го тренирате вашиот мозок кога е време за спиење.

2. Станувајте во исто време секое утро

Дури и за викендите станувајте во исто време како во текот на работната недела. Времето за спиење наутро не го продолжувајте повеќе од половина час. Така ќе си создадете рутина.

3. Креветот служи за спиење и за секс

Заборавете на читање книги, гледање телевизија и играње игри на мобилен додека лежите во креветот. Тој служи за две работи - спиење и секс.

4. Ако не можете да заспиете, станете од креветот

Ако повеќе од 20 минути се трудите да заспиете, станете од креветот и правете некоја друга активност. Прошетајте, читајте книга или напијте се чаша млеко.

5. Планирајте однапред

Знаете во колку часот ќе легнувате, па заборавете на кофеинот час претходно. Внимавајте кога вежбате, пиете алкохол или палите последна цигара, бидејќи овие три работи го отежнуваат вашиот сон и ве чуваат будни низ ноќта. 

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg