5 причини зошто треба да јадете јајца

Додека се слушаат само гласините дека не треба да се јадат јајцата поради високиот холестерол, некои најнови истражување покажуваат дека умерењето консумирање јајца не мора да има негативно влијание на вашето здравје.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-01

Кога веќе се во тек велигденските празници и имате многу јајца кои може да ги искористите во салати или како некое предјадење, дознајте 5 добри причини зошто да ги јадете:

1. Здрави се за трудниците

Ако јадете јајца повремено додека сте бремени, ќе имате убаво и здраво бебе. Јајцата се полни со холин, витамин Б кој е потребен за бебињата во развој, а особено за развој на мозокот. Холинот кај бебињата го намалува ризикот од ментални пореметувања, како и ризикот од Даунов синдром.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-3


2. Спречува глад

Јајцата за појадок помагаат во текот на денот помалку да чувствувате глад. Високото ниво на протеин во нив им помага во создавањето на чувството на ситост, кое може да потрае и цел ден. Сакате да изгубите некој килограм , а не можете да ја прескокнете вечерата? Во текот на денот слободно изедете јајце, ќе ве засити, а нема да ве прејаде.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-2


3. Ги зајакнува рефлексите

Тирозинот, амино киселините во јајцата, помагаат во зголемување на брзината на рефлексите. Научниците во текот на своите истражувања откриле дека тирозинот може да игра значајна улога во ситуации како возењето автомобил или велосипед. Во моментот кога треба брзо да изреагирате рефлексот може да ја направи разликата.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-5


4. Го намалува ризикот од тумор

Антиоксидансите во јајцата може да ви помогнат во намалувањето на ризикот од тумор, но и од срцев удар.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-4


5. Го намалуваат крвниот притисок

Протеинот од јајцата може да помогне во намалување на крвниот притисок, така што во организмот делува на ист начинкако и АЦЕ инхибиторите, некој вид на лек против високиот крвен притисок.

5-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-1

Јајцата може да ги додадете како редовен појадок. Направете неколку тврдо варени јајца и секогаш нека ви бидат при рака кога ќе почувстувате глад во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg