5 чудни причини поради кои сте уморни: Мобилниот телефон држете го подалеку од вас
Стресот и преокупираноста со многуте обврски, како работни, така и домашни не се единствените виновници за вашата безволност и чувство на исцрпеност.
Дознајте некои секојдневни работи кои се причини за ваквата состојба:
1. Дехидрација
Дури и умерената дехидрација, додека сè уште не чувствувате жед, може да направи да се чувствувате ментално збунето и да имате недостаток на концентрација. Следниот пат кога ќе почувствувате поспаност и замор, обидете се да го надминете со една до две чаши вода.
2. Мобилниот телефон
Според некои истражувања електричните уреди во близина на главата може да ви го нарушат сонот и да влијаат на лачењето на хормонот мелатонин кој е заслужен за добар сон и одмор.
3. Лекови
Многу од лекарствата имаат свои несакани дејства. Поради некои лекови може да почнете да се чувствувате поспано и исцрпено.
4. Прејадување
Прејадувањето, посебно без физичка активност ве прави само поуморни.
5. Недостаток на железо
Овој минерал е заслужен за транспорт на кислородот низ целото тело , па доколку го немате доволно во својот организам, може да се чувствувате уморно и безволно.