Како да ги третирате воспалените мускули?
Кога дојде сезоната на активно вежбање и подготовки за топлите денови, воспалението на мускулите е потенцијален проблем со кој секој ќе се соочи.
Затоа, доколку почувствувате болка или немир во мускулите низ телото, таблетите против болки заменете ги со овие 6 работи:
1. Сок од вишни
Сокот од вишни е идеален лек заради антиоксидансите кои ги има, а покрај тоа и позитивно влијае на болките, па не заборавајте да додадете неколку во вашиот шејк.
2. Креатин
По интензивниот тренинг, оваа аминокиселина има за задача да ја поврати енергијата во телото, а воедно и да ги обнови мускулните влакна.
3. Cordyceps габи
Делуваат така што го активираат центарот за создавање на енергија и на тој начин го освежуваат телото без стимуланси.
4. Горчлива сол
Магнезиумот, кој е главна состојка на горчливата сол, е важен за опуштањето на мускулите. Кога солта ќе ја додадете во топла купка, докажано е дека е далеку поефективна отколку консумирањето на магнезиум во исхраната.
5. Кофеин
Вашето утринско кафе е голем плус. 2 шолји дневно ќе ви помогнат да се ослободите од болките по напорниот тренинг, но не претерувајте. Секоја поголема количина може да предизвика грчеви.
6. Истегнете се
Наместо да се сместите во столчето и да не мрднете следните 24 часа, истегнете се. На секој час станете, прошетајте, а доколку сте поупорни, правете лесни и кратки вежби за релаксација.