8 знаци дека имате недостаток на железо во крвта

Исцрпени сте, бледи и лесно останувате без воздух? Можеби сега е време да ја направите вашата крвна анализа и да откриете дали страдате од недостаток на железо во крвта.

8-znaci-deka-imate-nedostatok-na-zelezo-vo-krvta-01.jpg

Кои се најчестите симптоми на ниско ниво на железо во крвта?

Исцрпени сте

Ако вашиот замор трае подолго од вообичаеното, и покрај тоа што сте најадени и наспани, можно е да се работи за недостаток од железо.

Заморот настанува бидејќи телото нема доволно железо за производството на хемоглобин – протеин што го разнесува кислородот низ телото. Кога ткивата и органите немаат доволно кислород, немаат ни доволно енергија, па вие чувствувате замор.

Бледи сте

Хемоглобинот на вашата крв ѝ дава црвена боја, поради која вашата кожа добива розов тен. Секое опаѓање на хемоглобинот предизвикува бледа кожа.

Бледилото може да биде по целото тело, но и локализирано на едно место како лицето, непцата или усната празнина.

02.jpg

Лесно останувате без воздух

Ако забележите дека останувате без воздух при секојдневни активности кои до пред извесно време ги вршевте без проблем, време е да го посетите вашиот лекар за анализа на крвта.

И овојпат причината е ниското ниво на хемоглобин поради што мускулите не добиваат доволно кислород за дури и „најобичните“ активности, како одење.

Кога почнувате да изведувате физичка активност, дишењето се забрзува бидејќи телото се обидува да прими повеќе кислород. Вие го чувствувате ова како отежнато дишење или задишување.

Срцето ви чука побрзо од вообичаено

Заради забрзаната работа на срцето можни се бројни срцеви проблеми, па затоа при првите нерамномерни отчукувања на срцето, консумирајте храна богата со железо.

Уште не е позната точната поврзаност помеѓу ниското ниво на железо и проблемите со срцето, но експертите веруваат дека и во овој случај голема улога има ниското ниво на кислород во телото.

03.jpg

Синдром на немирни нозе

Не можете да престанете да чукате со нозете по подот? 

Околу 25% од луѓето со ниско ниво на железо во крвта се соочуваат со овој синдром. Наводно, овој синдром се јавува 9 пати почесто кај луѓето со недостаток од железо, за разлика од другите.

Главоболка

Мозочните артерии некогаш потекуваат при недостаток на железо, што предизвикува силни главоболки и мигрени.

Засега експертите само претпоставуваат дека ова е причината, но факт е дека главоболките, па дури и вртоглавицата се чест симптом за ниско железо. Симптомот е многу почеста појава кај жените.

04.jpg

Чувствувате напнатост, дури и кога не сте во стресна ситуација

Недостатокот на железо може да ве доведе до анксиозност. 

Некои истражување нашле поврзаност помеѓу ниското ниво на железо и зголемениот ризик од нарушувања како анксиозност и депресија.

Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди како и зошто нивото на железо влијае врз менталното здравје.

Отоци на јазикот и во усната празнина

Наводно, ниското ниво на железо може да предизвика отоци на јазикот и промени во неговата боја, односно да го направи поблед.

Некогаш се јавуваат и други симптоми околу и во устата, како сувост, чувство на печење и ранички.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg