7 работи кои мора да ги знаете за анти-беби пилулите
Изминативе неколку години, анти-беби пилулите станаа основното контрацепционо средство на девојките и жените кои сакаат да се заштитат од несаканата бременост.
Но, еве што треба да запаметите за да бидете целосно сигурни во нивната делотворност:
1. Нередовноста е голем проблем
Жените кои нередовно и неправилно ги користат пилулите, имаат 43% поголеми шанси за бременост од оние кои се придржуваат до строгите правила.
Затоа, не заборавајте дека 100 процентната ефикасност е возможна само ако ги консумирате секојдневно.
2. Грижете се за несаканите дејства
Пред да ги пронајдете вистинските анти-беби пилули големи се шансите дека ќе испробате неколку видови.
Следете ги препораките на вашиот доктор и доколку не се чувствувате добро прекинете ја терапијата уште истиот ден.
3. Спиралата е најефикасна
Спиралата е до 20 пати поефикасна отколку пилулите, посебно ако се одлучите за онаа која испушта мала доза на хормони.
Причината е едноставна - спиралата е имуна на човечки грешки, како што е нередовноста.
4. Важни се и другите лекови
Постои причина заради која докторот постојано прашува дали земате друга терапија пред да ви го напише рецептот.
Некои лекови не смее да се комбинираат со други, а хормонските терапии се посебно комплицирани.
Одредени антибиотици, лекови против инфекции и антидепресиви се строго забранети, па затоа најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
5. Можете вечно да ги користите
Жените кои сакаат, можат да ги користат до крајот на животот. Порано, долгорочното земање на вакви пилули се сметало како ризично по нивната плодност, но со текот на времето оваа претпоставка е докажана како неточно.
Исто така, немате потреба од пауза. Тоа нема да ви донесе никаква здравствена корист.
6. Пилулите за „ден потоа“ делуваат до 5 дена
Поголемиот број на жени се збунети од пилулите за „ден потоа,“ па еве мало разјаснување.
Овие пилули може да ја спречат несаканата бременост 3 до 5 дена по незаштитениот секс, зависно од брендот.
Пилулата за „ден потоа“ не е исто што и пилулата за абортус. Овие пилули може да се набават во аптека, не ви е потребен рецепт, но не е препорачливо да ги користите често.
7. Не, нема да се здебелите
Првите верзии на овие пилули имале значително поголемо количество на хормони и додатоци, заради кои се менувала тежината.
Но, добрата вест е што модерните пилули имаат помало количество хормони и не доведуваат до никакви телесни промени.