Mомци, само 7 чекори ве делат од совршени мускули
Додека девојките се трудат да бидат послаби и да држат разни диети, момците се трудат да се здебелат за да можат да оформат што поубави мускули. Конечно неколку совети и за оние кои треба да јадат повеќе. Со само 7 чекори може да имате совршено згодно тело.
1. Јадете повеќе
Слабите луѓе тврдат дека може да јадат што било во неограничени количини, а да не се здебелат. Всушност вистината е дека не јадат доволно.
Внимавајте на калориите: Помножете ја тежината со бројот 20, резултатот е бројот на калории кои треба дневно да ги внесете. На пример, ако имате 70 килограми треба да внесете 1400 калории во текот на денот.
Со текот на времето додавајте калории. После две недели почнете со плус 500 калории дневно. Следете ја тежината и мерете се секоја недела.
2. Јадете 6 пати дневно
Тоа не значи дека треба да бидат обилни порции, туку во согласност со одредениот број калории. Задолжително појадувајте. Јадете на секои три часа. Секојдневно јадете месо.
3. Јадете калорична храна
Овошјето и зеленчукот се здрави, но нема да ви помогнат околу мускулите. Редовно внесувајте овес, ориз, тестенини, компир, грав, леб, млечни производи и здрави масти како маслиново, ленено и рибино масло.
4. Вратете си ја силата
Доколку сте силни ќе бидете и помускулести. Секојдневно правете вежби за телото и ќе бидете поцврсти и посилни.
5. Однапред подготвувајте ја храната
Ретко кој има време да готви три пати дневно. Многу е полесно доколку однапред ја подготвувате храната. Чувајте ја во фрижидер и загревајте ја во микробранова.
Наутро разбудете се 30-45 минути порано и подгответе си појадок, а навечер подгответе си храна за следниот ден.
6. Носете храна со себе
Каде и да одите носете храна со себе. Така ќе се храните подобро и поздраво.
Еве како би требало да ви изгледа дневното мени:
Појадок: Кајгана, овес и суво грозје со млеко
Ужина: јаболко, кикирики, протеински шејк
Ручек: Туна со ориз, тестенини, сендвич со месо
Вечера: Пилешко со ориз, овошје за десерт
Пред спиење: млеко и сирење.