6 пролетни овошја кои ги очекувавме со нетрпение
Пролетта и официјално пристигна пред само неколку дена, а со тоа ни пристигнаа и свежите овошја кои со нетрпение ги очекувавме веќе неколку месеци.
Ако заборавивте, сега е сезоната на овие 6 овошја, сè до почетокот на мај:
1. Кајсии - Сочни и слатки, кајсиите се богати со витамин А и Ц, добри влакна за огранизмот, а имаат мала количина на масти.
2. Зелен лимон - Цитрусно овошје кое можете да го додадете во речиси секој пијалак и десерт, затоа што е полн со витамин Ц, а без масти и калории. Веднаш се сетивте на студено Мохито?
3. Манго - Едно од највкусните егзотични овошја кои можете да го комбинирате со свеж јогурт или во сушена варијанта. Без шеќер и масти, Мангото е највкусниот извор на витамин А и Ц.
4. Портокал - Како сок или сочен плод, портокалот е најбогат со витамин Ц и влакна, а за сметка на тоа нема ниту шеќер, ниту масти.
5. Ананас - Можеби е малку потежок за чистење, но секоја минута се исплати. Свежиот ананас е одличен сојузник во битката против вишокот килограми заради тоа што нема скриени шеќери, ниту масти. Витаминот Ц е негова голема предност.
6. Јагоди - Последни, но најслатки. Малите црвени овошја кои се јадат во еден здив се без масти и шеќери, а имаат одлични антиоксидансни својства.