Црвена експлозија: Пијалак против пролетниот замор
Додека природата ве повикува да се разбудите од зимскиот сон, вашиот организам не е подготвен да одговори веднаш на изобилството сончева енергија и забрзаното темпо на денот.
Многу од луѓето патат од пролетниот замор кој настанува поради нерамнотежата во телото и ослабениот имунитет.
Губењето на апетитот, несоницата, истоштеноста и лошото расположение најбрзо се лечи со правилна и регулирана исхрана потпомогната со енергетски бомби.
Црвената доза енергија ќе ве разбуди побрзо и од ладниот туш.
Состојки:
- 3 репки со тежина до 300 гр.
- 2 моркова со средна големина
- 2 стебленца целер
- 5 парчиња пашканат
- 1 луто пиперче
- 4 ротквици со средна големина
- 4 домати
Подготовка:
Репките и морковот излупете ги, а останатиот зеленчук добро измијте го. Исечкајте го лутото пиперче и целото додајте го во сокот. Зеленчукот ставете го во блендер и измиксајте го.
Свежиот сок се препорачува да се консумира по првиот утрински оброк.