Чудо во чаша - Сок кој ги победува пролетните алергии
Пролетните алергии отсекогаш биле честа и непријатна појава, која ретко може да се излечи по природен пат.
Но, за оние со ослабен имунолошки систем и оштетена слузница, предлагаме сок кој ги победува сите пролетни алергии.
Сè што ви е потребно, се следните 5 состојки:
- 1 морков со средна големина
- 2 големи портокали
- ½ краставица
- 5-10 листови нане
- 20g свеж ѓумбир
Портокалите се одличен извор на витамин Ц кој го штити вашиот имунолошки систем, додека нането е одлична природна инхалација за дишните патишта кои најчесто страдаат при пролетните алергии.
Ѓумбирот пак, ги намалува главоболките кои може да се последица од честото кивање, а покрај тоа е делотворен антиоксиданс.
Подготовка:
Овошјето добро измијте го и излупете го. Сите плодови исечкајте ги на мали делчиња и ставете ги во блендер. Листовите нане додајте ги при крајот.
Пијалокот чувајте го во фрижидер и консумирајте го на гладно, пред појадокот.
Доволна е доза од една кафена шолја во еден ден.