Блескава бела насмевка по домашен рецепт
Природните состојки се секогаш подобри од хемикалиите кои се користат за подобрување на здравјето или убавината. Многу подобро е некој лек или козметички препарат да си го подготвите дома, доколку сте во можност, отколку да купувате скапи лекови и креми.
Едни од најпосакуваните средства се оние за избелување на забите кои ви ја враќаат блескавата насмевка.
Наместо да трошите пари на разни специјални пасти и избелувачи, доволно е да имате неколку состојки кои ќе ги искомбинирате .
Ваквите рецепти потекнуваат уште од дамнешни времиња кога воопшто и немало произведени пасти за заби, па луѓето сепак успевале да ја одржат хигиената и белината на забите.
Некои од овие состојки може да ги прочитате и во составот на најдобрите пасти за заби.
Потребни состојки:
- 2 лажички сода бикарбона
- 1 лажица сушена и ситно мелена жалфија
- ½ лажичка морска сол
- 15-20 капки есенцијално масло од пеперминт.
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во мал сад. По миењето на забите со стандардната паста, натопете ја четкичката во оваа мешавина, почекајте една минута, а потоа исчеткајте ги забите и исплакнете ја устата.
Предности на состојките:
Жалфијата во многу култури традиционално се користи за одржување на здравјето на забите и избелување.
Сода бикарбоната ги полира и им ги отстранува дамките.
Маслото од пеперминт го освежува здивот, а има и антибактериско дејство.
Морската сол е полна со здрави минерали кои посебно помагаат кај чувствителната вилица.
Совршената и здрава насмевка ви е неизбежна.