Никогаш не пијте кафе меѓу 8 и 9 часот наутро
Ако сте ранобудник кој не може да ги отвори очите пред 9 часот наутро без шолја големо, топло кафе, имаме лоши вести за вас - оваа навика мора да ја заборавите.
Огромен број на истражувања спроведени во последнава година потврдиле дека ранобудниците најчесто уживаат во овој кофеински пијалак помеѓу 8 и 9 часот наутро.
Несвесни за последиците, оние кои ја имаат оваа навика ја нарушуваат хармонијата на целиот ден.
Најголемо количество на кортизол излачуваме околу 8.30 наутро. Ова е хормон кој го подигнува нивото на енергија и е одговорен за зголемување на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.
Со еден збор, кортизолот е допинг за целосниот организам.
Но, кога на сето тоа ќе додадете шолја кафе со добра доза кофеин, организмот многу лесно ја достигнува состојбата на анксиозност.
„Кога пиете кафе од 8 до 9 наутро, го пиете во период кога вашето тело е природно брзо и енергично, благодарение на кортизолот. Има време за кофеин и по 9 часот, кога нивото на овој хормон опаѓа и кога ќе го почувствувате полниот ефект на кафето. А доколку наутро неопходно ви е нешто топло и освежувачко, испијте чаша млака вода со лимон и мед, а кофеинот оставете го за подоцна,“ е препораката за ранобудниците.