Храна која помага во борбата со анемија
Анемијата е појава на слаба крв која годишно погодува по најмалку милион луѓе во светот, од кои поголем дел жени и деца.
За да го вратите нивото на хемоглобин и црвени крвни зрнца во нормала, задолжително треба да внесувате плодови богати со железо, витамин Б12 и фолна киселина.
Соја и житарки
Поголемиот број на мешункасти плодови се богати со железо, нои сепак треба внимателно да одбирате.
Сојата е на првото место, затоа што со само 1 шолја варени зрна соја ја внесувате максималната количина на железо потребна за дневно функционирање на организмот.
Препорачливи се и зрната киноа, кои се одлична замена за оризот.
Месо
Секое црвено месо е одличен извор на железо и витамин Б.
На пример, говедскиот црн дроб има 600 проценти повеќе железо од дневната потреба.
Зеленчук
Започнете да консумирате големи количини на тиква, спанаќ, блитва. Копривата е уште подобар избор, посебно ако ја консумирате како чај, еднаш во денот.
Доматот секогаш нека ви биде прв избор за салата, затоа што содржи витамин Ц кој полесно го апсорбира железото.
Форсирајте го и цвеклото во секаков облик и форма и комбинирајте го со јаболка, портокал или лимон.
Овошје
Калинката е полна со витамин А, Ц и Е, влакна, калиум и железо. Консумирајте ја свежа или во вид на сок.
Грицкајте повеќе суви кајсии, сливи и смокви.