Кора од портокал, листови брокула: Ги фрлате ли најздравите делови од овошјето и зеленчукот?

Некои отпадоци од овошје и зеленчук имаат бројни позитивни ефекти за здравјето на нашиот организам. Затоа немој да ги фрлате, туку погледнете како најдобро да ги искористите.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-01

Кора од портокал

Кората од портокал содржи дури четири пати повеќе хранливи влакна отколку самиот плод. Покрај тоа има и повеќе флавонид како тангеретин и нобилетин кои делуваат антиканцерогено, спречуваат појава на дијабетис и имаат антивоспалителни својства.

Студијата која била направена покажала дека со неа може повеќе да се намали LDL холестеролот, отколку со некои лекови.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-6


Стеблото на листовите  спанаќ

Студијата на Институтот за прехранбена технологија во Германија покажала дека стебленцата на листовите спанаќ имаат многу глутамин, аминокиселина која го зајакнува имунолошкиот систем и ја поттикнува способноста на телото да заздрави од повреди и операции.

Славниот готвач Брус Шерман  ги врзува стебленцата во снопчиња од по шест до осум и ги остава да стојат до половина час во црвено вино, мед и лук.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-1


Листови целер

Имаат пет пати повеќе магнезиум и калциум отколку стеблото. Исто така, претставуваат богат извор на витамин Ц  и фенол, моќен антиоксиданс и антивоспалителни супстанци. Листовите ситно исечкајте магдонос  и додајте ги во салата или како додаток за риба и пилешко.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-2


Листови брокула

Околу 30 грама листови од брокула има 90 отсто од дневната количина на витамин А кој му е потребен на нашето тело. Листовите брокула може да ги подготвите на ист начин како спанаќот. Сварете ги, додајте маслиново масло и лук.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-3


Кора од лубеница

Внатрешната бела кора од лубеница исто така има свои предности, содржи аминокиселина цитрулин. Таа е важна бидејќи помага во ширењето на крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

Кората може да ја исечкате заедно со лубеницата и да направите сок  или алкохолен пијалак ако додадете малку рум, џин или водка.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-4


Лушпа од кромид

Самата лушпа е многу побогата со растителен пигмент со силно антиоксидативно дејство – кверцетин, отколку самиот кромид . Кверцетинот го снижува крвниот притисок. Иако ни е познато дека лушпата може да ја користиме за да ги обоиме јајцата за Велигден, може да се користи и во самите јадења за подобар вкус.

Единствено важно е по варењето да ја извадите лушпата, пред да го сервирате јадењето.

kora-od-portokal-listovi-brokula-gi-frlate-li-najzdravite-delovi-od-ovosjeto-i-zelencukot-5

Би можело да ве интересира:

„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Дали смееме да се бањаме во море со тампон, според српски гинеколог „Подобро е да не се бањате неколку денови, отколку да се бањате со тампони“ – ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg