Вога – идеална комбинација од танц и јога

Вога е комбинација на јога вежби и танцови „vogue“ чекори, а се препорачува на сите кои сакаат во својата рутина на вежби да внесат и танц.

voga-idealna-kombinacija-od-tanc-i-joga-01

Ваквиот танц се развил во 80-тите, а го популаризирала Мадона во спотот „Vogue“ во 1990 година. Се состои од карактеристични брзи танцови движења кои често ги користат и манекенките на пистите и на снимањата.

Вога е првична идеја на Џулиет Мурел, поранешна уметничка директорка во филмската индустрија која сакала да воведе кардио вежби во јогата, пишува „The Guardian“.

Според неа, на јогата во последните десетина година ѝ недостига звукот на 80-тите. Поради тоа, оние кои се жалеа дека јогата им е досадна, сега ќе бидат задоволни, бидејќи ќе може да танцуваат и да вежбаат со музика.

За кого е наменета вогата?

Идеална е за сите кои го сакаат танцот, особено комбинацијата како зумба танц со повеќе кардио вежби.

Вогата комбинира експресивни танцови движења, но ги задржува предностите на јогата како синхронизација на дишењето и движењето.

Моментално вога се вежба во Лондон и во Канада, а Мурел планира да ја прошири и во останатиот дел од светот.

Обидете се да вежбате дома со помош на ова видео:


Погледнете како изгледаат часовите по вога:

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg