Пробајте ја техниката Пеперутка: Вежба против напнатоста
Кога ќе почувствувате дека сте под стрес, најдете едно мирно катче и обидете се со една поинаква техника да се ослободете од напнатоста.
Допир од пеперутка:
Седнете, затворете ги очите и замислете дека сте на некое сигурно место. Прекрстете ги рацете преку градите и дланките ставете ги на рамената.
Потоа, допирајте се со прстите и дланките по рамената, како пеперутка која трепери со крилјата, брзо и наизменично со левата, па со десната дланка.
Дишете длабоко и полека чувствувајќи сѐ што се случува во вашето тело и умот. Така ќе доведете рамнотежа во организмот и ќе се ослободите од стресот.
Ќе бидете опуштени како после масажа од многубројни пеперутки.