Пролетни алергии: 7 природни лекови
Пролетта, покрај топли денови, со себе носи и низа алергии. Симптомите кои ги мачат алергичните во овој дел од годината се кивавица, солзи во очите и гребење на грлото.
Сепак, како и за секој проблем, и за овој постои решение кој може да ја олесни кивавицата и болката во грлото.
Еве 7 најефикасни предлози:
Камилица - Со антивоспалително дејство камилицата помага кај сувите очи. Држeте 3-5 минути оладени вреќички чај од камилица на очите и повторувајте ја постапката неколку пати во денот.
Коприва - Благотворно дејство има на надразнетите очи и кивавицата, а за да ги ублажите симптомите на подолг временски период земајте таблети од коприви или чај од сушени листови.
Нане - Нането е одличен лек за затнати дишни патишта. Во текот на денот доволна е една инхалација од 10 минути за да почувствувате подобрување.
Мајчина душица - Чајот од мајчина душица помага при лечење на кашлањето, гушењето предизвикано од алергии, а покрај тоа го смирува воспалението на грлото.
Мед - Благотворно дејство има над неколку минутното кашлање и затнатите дишни патишта. Една лажица мед во топла шолја чаj може да ви помогне повеќе отколку што мислевте.
Ѓумбир - Ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а посебно е делотворен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир така што во врела вода ќе ставите 5 грама свежо рендан ѓумбир и ќе го варите десетина минути. Потоа прецедете и додајте лажица мед.
Лута пиперка - Одличен извор на биофлавоноиди кои ги ублажуваат сите хемикалии кои предизвикуваат воспаленија и алергии.