Мирисот на ментол го елиминира чувството на глад
Со редовно вдишување на ментол можете да ја намалите гладта и внесувањето на калории, тврдат многу истражувачи.
Во истражувањата на Вилинг Језуит, универзитетски волонтери вдишувале мирис од ментол на секои 2 часа во текот на 5 дена.
На крајот од студијата тие чувствувале значајно помалку глад, а во текот на петте дена во себе внеле 3.500 калории помалку од вообичаеното.
Неколку претходни истражувања исто така покажале дека спортистите кои вдишувале ментол биле помотивирани и имале повеќе енергија.
Баш затоа, сите стручни лица препорачуваат инхалации од етерично масло од ментол најмалку еднаш во денот, доколку сакате да победите во борбата со вишокот килограми.