Со јогурт до понизок притисок
Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170ml јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.
Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци.
- 80g ситно сечкана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.
- 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 - 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот.
- 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.
- Неколку ореви, 2 урми ситно исечкани и лажица мед. Оваа комбинација е препорачана за машкиот пол, бидејќи го подобрува квалитетот на спермата.
Испробајте и споделете ја ефикасноста.