Совети за правилен третман на акнеична кожа
Акните се едeн од најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај 80% од адолесцентите, најчесто на возраст од 12 до 30 години. Првите промени се јавуваат во пубертетот и се манифестираат како црни или бели комедони, а најчесто се засегнати лицето (T-зоната), грбот и деколтето.
Зголеменото лачење на лојните жлезди е идеална подлога за размножување на бактериите пропионибактериум акнес, кои во нормални услови се сапрофити. Зголемениот број бактерии го активира имуниот систем, а тоа се манифестира со воспалителен процес и црвенило околу комедонот и појава на папула (бубулица) или пустула (гнојаница).
Нутриционистите покрај хормоналниот дисбаланс сметаат дека и храната има големо влијание во појавување на акните и дека само со балансирана исхрана може да се надмине овој период. Но не е секогаш така. Правилната исхрана ДА, но секогаш при првичниот контакт со лице кое има акни задолжително треба да се земе исцрпна анамнеза, да се исклучат системски заболувања, бактериски инфекции, фамилијарна анамнеза, да се направи хормонално иследување.
Во случај да добиеме позитивен или негативен одговор на некое од горе наведените исппитувања, се дава соодветна терапија и се спроведува правилен локален третман на акнеичната кожа. На пациентот му се објаснува дека треба да има трпение, бидејќи ова лекување може да потрае и неколку месеци. Во одредени состојби кога има хормонален дисбаланс мора да има комуникација дерматолог – ендокринолог - гинеколог.
Добри резултати и задоволен пациент се добиваат со поставување на точна дијагноза и препорака за користење на соодветни препарати, кои ќе овозможат намалување на акните и подобрување на изгледот на кожата.
Eucerin® DermoPURIFYER ДАВА ОДЛИЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРАВИЛНО ЧИСТЕЊЕ И НЕГА НА КОЖА СО АКНИ. Со неа за прв пат, со користење на уникатна комбинација на активни состојки, е овозможено истовремено делување на факторите на кожата кои доведуваат до појава на акни. Се намалува секрецијата на себум, се смирува воспалителниот процес и иритациите на кожата, се регулира размножувањето на бактериите одговорни за промените на кожата, а комедоните полека се топат и ги ослободуваат изводните канали на лојните жлезди. Благодарение на уникатниот липозомен систем, млечната киселина делува кератолитично и комедонолитично директно на фоликуларниот систем, со што околната здрава кожа е заштитена. Тоа овозможува да производите на Eucerin® DermoPurifyer линијата може слободно да се комбинираат со лековите од фармацијата, со цел да се добијат посилни и побрзи резултати во третман на акните.
Серијата DermoPURIFYER има производи за измивање ( гел за миење на лице, тоник и пилинг ) и производи за нега на проблематична кожа ( матирачки хидратантен крем, интензивен хидратантен крем со SPF 30, активен ноќен крем, стик-коректор и концентрат кој има поголема концентрација на активни супстанции и во комбинација со кремите го зголемува нивниот ефект на кожата. Секој производ има своја намена и најдобро е да се направи комбинација на производи соодветна за проблематичната кожа.
Со индивидуален пристап кон пациентите и правилна препорака за користење на производите на Eucerin® DermoPurifyer, се добиваат позитивни резултати во лекување на акните и пред сѐ задоволни пациенти.
Совети од: Д-р Горица Дачевска-спец.дерматовенеролог, ПЗУ Д-р Горица