Дознајте ја вистината за целулитот и неговото решение

Иако речиси секоја втора жена има проблем со кожата која изгледа како кора од портокал, истовремено голем е бројот на истите тие жени кои не знаат што точно е целулитот и зошто не можат да се справат со него.

doznajte-ja-vistinata-za-celulitot-i-negovoto-resenie-01

Повеќето се трудат да се изборат со целулитот, но за да успеат во тоа најпрво мора да знаат што всушност тој претставува.

Убедени се дека се работи за проблем кој може да се реши со слабеење, држат разни диети за намалување на килограмите, верувајќи дека после тоа нивната кожа конечно ќе стане мазна. Но, тоа не е решение.

Жените мора да бидат свесни за тоа дека целулитот не е проблем со килограмите и дебелината, туку е исклучиво проблем на кожата. Тој нема никаква врска со тоа колку сте тешки, туку со сосем други фактори.

Дури и најслабите девојки и жени може да имаат проблем со целулитот, а ниту мажите не се изоставени.

doznajte-ja-vistinata-za-celulitot-i-negovoto-resenie-1

Покрај диетите, луѓето знаат да потрошат и илјадници евра за  разни лосиони, креми и третмани за кои веруваат дека ќе им го решат проблемот, а всушност се работи само за фрлање пари на производи кои се бескорисни. Заборавете на кремите, третманите и анти-целулитните масажи.

Дури и липосукцијата спаѓа во неефикасните методи бидејќи целулитот не е маст која може да ја извлечете од организмот, туку се работи за појава која е предизвикана од мускулната атрофија која настанува кога еден слој мускули станува послаб и недефиниран, се одвојува од кожата и прави видливи масни наслаги.

Иако изгледа како да не постои решение за целосно ослободување од целулитот, сепак не е сè толку безнадежно. Постои специјална програма на вежби кои ги подигнуваат, тонираат и обликуваат мускулите, спојувајќи ги повторно со кожата.

doznajte-ja-vistinata-za-celulitot-i-negovoto-resenie-3

Покрај вежбите, мора да водите сметка и за исхраната. Јадете здраво, избегнувајте слатки работи и газирани пијалаци, пијте многу вода, но и движете се.

Редуцирајте ја храната, вежбајте, посоветувајте се со стручни лица и ослободете се од целулитот.

Погледнете го видеото со дел од вежбите кои може да ви помогнат:

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg