Производи кои ги чистат и штитат вашите заби

Кога јадеме знаеме дека многу од производите или состојките во храната може штетно да влијаат на нашите заби.

zastitete-gi-zabite-so-mleko-kromid-caj-01

Но, постојат и такви производи кои помагаат во нивното чистење и заштита за подобар и поздрав изглед.

Зелен чај

Овој чај содржи полифеноли, антиоксиданси и билни супстанци кои спречуваат нечистотиите да се залепат на забите и спречува создавање кариес. Исто така, го намалува и лошиот здив.

Млеко и јогурт

Незасладениот јогурт или млеко е многу добар за забите. Имаат ниска киселост што ја забавува забната ерозија. Млекото е добар извор на калциум кој е неопходен за забите и коските.

Сирење

Ниското ниво на јаглени хидрати и фосфати им помагаат на забите за одржувањето на рН вредноста, ја обновуваат забната глеѓ и ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес.

Овошје

Различното овошје како јаболко, јагода или киви кое содржи многу витамин Ц е клучно за здравјето на непцата. Се одржува мрежата на колаген и штити од парадентоза.

Зеленчук

Тиква, морков, компир и брокули се полни со витамин А.  Овој витамин е неопходен за формирање на забната глеѓ.

zastitete-gi-zabite-so-mleko-kromid-caj-1

Кромид

За здрави заби без бактерии најпрепорачливо е да јадете свеж и сиров кромид.

Целер

Џвакањето целер може да биде од голема корист за заштита на непцата од разни бактерии.

Животински производи

Говедското, пилешкото месо и јајцата содржат фосфор кој е важен за создавање здрави коски. Заедно со калциумот и витаминот Д ги прават забите здрави и цврсти.

Вода

Колку почесто пиете вода, толку повеќе помагате во чистењето на забите и смирувањето на непцата.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg