Конечно откриени тајните на витките Французинки

Французинките се познати по фантастичниот изглед, а чудно е што никогаш не си го скратуваат уживањето во добрата храна. Како?

konecno-otkrieni-tajnite-na-vitkite-francuzinki-2

Јадат мали порции

Нив им е полесно да се воздржат од прејадување, затоа што порциите им се секогаш минимални. На пример, типичен кроасан во Франција тежи околу 30 грама, додека нашиот е најмалку 3 пати потежок.

Едноставно кажано, стомакот на француските дами е извежбан да очекува помала порција.

Покрај тоа, тие јадат помалку затоа што имаат порција која заситува.

Во Франција се јадат намирници со голем процент на маснотии како што се јајца, сирење и меса кои брзо заситуваат.

Ручекот им е главен оброк

Студијата која ги следела навиките за исхрана на дамите во Париз и Бостон, покажала дека париските жени 60% од калориите ги внеле за време на ручекот до 14 часот, по што следела помалку обилна вечера.

Американките пак, се изгладнувале цел ден, така што кога дошла на ред вечерата изеле оброк полн со калории.

otkrieni-tajnite-na-vitkite-francuzinki-01

Уживаат во вежбите

За Французите вежбите се задоволство, а не напорно потење во теретана.

Многу Французинки по аперитивот излегуваат да се прошетаат и да го погледнат заоѓањето на сонцето. Така, освен што се физички активни уживаат во погледот и задоволството.

Никогаш не бројат калории

Кога едно типично француско семејство ќе се собере на трпеза, целта му е да ужива во храната, а не да брои калории.

Французите го започнуваат оброкот со аперитив кој може да содржи само еден крекер и неколку маслинки.

На трпезата се ужива, а на тој начин му давате на организмот време да ја свари храната, со што полесно се заситувате.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg