Дланките и стапалата ви се постојано ладни? Еве зошто

Дури и кога е топло надвор, вие шетате смрзнати? Рацете и нозете ви се толку студени што секојдневно водите битка со топлите чорапи и ракавици?

nozete-i-racete-vi-se-postojano-ladni-eve-zosto-01

Еден од можните проблеми за овој природен дисбаланс е процесот при кој се стегаат крвните жили и се намалува крвниот тек во екстремитетите, заради што чувствувате екстремно студенило па дури и болка.

Докторите оваа појава ја нарекле Рејнаудов синдром, состојба во која дотокот на крвта е посебно намален. Силна болка, вкочанетост и студени бели прсти се првите знаци.

Бројни студии покажале дека жените се посебно чувствителни на ниски температури. Причините се сложени и различни.

За почеток, поголема е веројатноста дека автоимуната болест Лупус ги напаѓа жените, а студенилото е еден од главните симптоми.

Проблемите со тироидната жлезда исто така се чест причинител за оваа појава.

Анемијата или ниската количина железо во крвта може да влијае на регулацијата на телесната температура, исто како и недостатокот на витамин Б.

Сепак, огромен број од жените кои страдаат од постојано студени раце и нозе немаат никаква скриена здравствена состојба. Проблемот може да лежи и во недоволното количество на сон или нездрава исхрана.

Изненадувачки, но зголеменото масно ткиво неповолно влијае на топлината на телото. Масното ткиво ги штити внатрешните органи, поради што топлината потешко допира до површината на кожата, создавајќи чувство на студенило.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg