10 митови за градите со кои се залажувате
Опсесијата со градите е вечна тема и кај мажите и кај жените. Не е важно дали се зборува за обликот или големината на нечии гради или се разменуваат совети за зголемување и смалување – градите се секогаш една од темите за разговор.
Целата приказна за градите предизвикува создавање низа будалаштини во кои многу жени денес веруваат. Некои многу лесно веруваат во митовите и заблудите бидејќи си наоѓаат утеха.
Проверете ги овие 10 митови за женските гради и ослободете се од нив:
1. Ако се здебелиш ќе ти се зголемат градите
Со оглед на тоа што градите се состојат од масно ткиво, останало мислењето дека со дебелеење и тоа ќе порасне. Иако понекогаш може да се случи да биде точно, никако не е правило. Луѓето се здебелуваат на различни делови од телото. На некои салото им се наталожува на колковите, на други на стомакот, бутовите, а само на вистинските среќнички тоа им се одразува на градите.
2. Спиењето со градник ќе ви ги направи градите поцврсти
Секој барем еднаш во животот го има слушнато овој совет. Спиењето со градник не само што не е пријатно, туку е и неделотворно. Ослободете ги градите во текот на ноќта! Тоа е повеќе од неопходно, а тоа како некои имаат природно цврсти или опуштени гради сè уште не е откриено.
3. Градите престануваат да растат во тинејџерските години
Многу девојки мислат дека нивните гради престануваат да растат со завршувањето на пубертетот, но тоа не е точно. Иако растот на градите се разликува од личност до личност, докажано е дека може да растат до 20-тата година во животот.
4. Носењето градник може да предизвика рак
Ако ова е точно тогаш сите жени би требало да имаат рак. Порано некои научници сметале дека градниците доведуваат до затворање на вените што предизвикува насобирање токсини во градите, но се покажало како неточно. Затоа, слободно носете градник.
5. Спиењето на страна доведува до нееднаква големина на градите
Ова е навистина лудо за да помислите дека е можно да биде вистина. Градите не може да се обликуваат, зголемуваат или намалуваат во зависност од тоа како спиете.
6. Момците сакаат само големи гради
Поради разните критериуми кои ги наметнуваат медиумите многу девојки мислат дека момците сакаат само големи гради. Иако постои еден дел кои навистина се возбудуваат на големите гради многу од момците тоа и не им е најважно. Големи или мали, важно е да се гради.
7. Вежби за зголемување на градите
Вежбањето е многу корисно ако сакате да останете здрави, но не и ако сакате да имате поголеми гради. Единствено на што можете да делувате со вежбањето е вашите гради да имаат поубав облик, но не и да бидат поголеми. Со оглед на тоа што градите се составени од масно ткиво и во нив нема мускули со вежбањето не може да го постигнете нивниот раст.
8. Ако не носите градник, градите ќе ви свиснат
Иако многу жени се уверени дека со носењето градник го спречуваат висечкиот облик на нивните гради, се лажат. Градникот може да помогне за градите да изгледаат поцврсти, но кога еднаш ќе го соблечеш, тие повторно ќе го добијат својот природен изглед. Градникот прави градите само да изгледаат поцврсти, но не и навистина да станат такви.
9. Јадењето сончоглед го поттикнува растот на градите
Некои девојки велат дека вакви совети добиле и од доктори, но ако е тоа вистина подобро е веднаш да го сменат докторот. Не постои магична храна која ќе предизвика раст на градите. Не се лажете ниту со сончоглед, ниту со пилешко, јогурт или што и да е друго.
10. Градите растат ако се масираат
Можеби е пријатно и релаксирачко, но сигурно не ги зголемува градите. Масажата не може да влијае на хормоните во телото кои се единствените виновници за големината на градите.