Јадевте салата со кромид? Пинџур со лук? Како да се ослободите од мирисот?
Кромидот и лукот се неверојатни состојки во храната кои може многу да допринесат за вкусот на некое јадење, но уживањето во нивниот вкус ќе го платите со лошиот здив. Не плашете се, прочитајте и дознајте како да се ослободите од него со брзи методи за отстранување на секој доказ на овие состојки.
Како да се ослободите од лошиот мирис:
1. Земете лажичка сенф, држете го во устата околу 1 минута, па плукнете го. Потоа земете уште пола лажичка сенф и голтнете го. Сенфот ќе ви се спушти во желудникот и ќе го уништи непријатниот мирис на кромидот во целото тело.
2. Понекогаш миризбата на кромид или лук допира до белите дробови, па кога дишете се чувствува непријатниот здив. Консумирањето сенф ги уништува ваквите последици.
3. Јадете храна со вкус на ментол, поради освежување на здивот. Свежо нане, чај од ментол и мастики за ефикасно отстранување на лошиот мирис од кромид и лук може да ви помогнат.
4. Јадете зеленчук за да го отстраните непријатниот мирис на кромидот. Пире од компир, печурки, лимон и морков може да го подобрат вашиот здив. Ако јадете оброк во кој има многу кромид и лук, би било паметно со главното јадење да консумирате повеќе ваков зеленчук.
5. Пијте течности. Зелен чај, лимонада и вода ќе ви помогне да го „измиете“ лошиот мирис од устата.
6. Ако имате над 18 години и не планирате брзо по јадењето да возите, тогаш може да испиете една текила. Алкохолот ги убива бактериите во устата и на тој начин го отстранува непријатниот здив. Водката е посебно препорачлива бидејќи нема вкус кој дополнително се задржува во устата.
7. Измијте ги забите. Инвестирајте во добра четкичка и паста за заби кои можете да ги носите со себе ако често јадете кромид и лук. Миењето заби е делотворен начин за освежување на вашиот здив.
8. Понекогаш, силниот мирис на кромидот може да продре и низ порите на вашата кожа или да се задржи на облеката. Затоа, добро е да користите парфем или тоалетна вода.
9. Користете свеж кромид или лук наместо нивните варијанти во прав. Повеќето готвачи употребуваат голема количина кромид и лук во прав, па доаѓа до хидратација на тој прав во телото, што претставува една од причините за лошиот здив.
10. Единствениот начин да се ослободите од лошиот здив е да ги четкате подолго забите. Најмалку 2 минути. Водете сметка со четкичката да поминете и по јазикот, бидејќи на него често се задржува лошиот мирис.