Маска од киви за зимска нега на лицето
Внесете го кивито во вашата дневна рутина за разубавување! Ако веќе долго време барате препарат кој ќе ви ја негува кожата во студените денови, ви откриваме брз рецепт кој може да го приготвите во домашни услови.
Потребно ви е само 1 киви кое ќе го испасирате со вилушка, ќе му додадете 1 лажица јогурт и половина лажица маслиново масло.
Со тенок слој нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Исплакнете со топла вода, а потоа нанесете хидратантна крема.
Предупредување:
Киви маската е посилна од сите останати и е полна со витамин Ц, па и покрај тоа што е природна може да предизвика црвенило кај чувствителната кожа.
Пред да ја примените на лицето, испробајте ја на мал дел од кожата на раката, за да ги проверите реакциите.