Безброј причини за уште една шолја топло какао

Дали знаевте дека какаото содржи повеќе од 300 хемиски соединенија кои позитивно влијаат на нашето здравје? Шолја жешко какао пред спиење ќе го намали нивото на стрес и ќе ги сочува функциите на мозокот.

bezbroj-pricini-za-uste-edna-solja-toplo-kakao-01

Стана многу модерно да се пие какао со мали пенести бомбици кои пливаат по површината на овој здрав пијалак. Ако нив не можете да ги набавите, својата шолја какао збогатете ја со крем шлаг. Или испијте ја чиста, без ништо.

Шолјата топло какао нека ви стане дневна навика. Вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Какаото е познато како билка која го чува организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од срцеви болести и крвни садови, како и од многу видови рак.

Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира нивото на шеќер и холестерол во телото.

bezbroj-pricini-za-uste-edna-solja-toplo-kakao-02

Го поттикнува помнењето и ја подобрува концентрацијата. Ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Ја омекнува кожата, а со тоа го забавува процесот на стареење. Покрај тоа, какаото е силен афродизијак и антиоксиданс.

Американските истражувања докажуваат дека редовното консумирање какао го бистри мозокот, а флавоноидите во овој пијалак ја забрзуваат циркулацијата и допирот на кислород до мозокот, со што се спречува деменцијата.

Ако на тоа ги додадете ниските температури, жешкото какао додатно ќе го опушти и загрее мрзливото тело, ќе ја разбуди носталгијата и барем на кратко ќе ве врати во детството.

bezbroj-pricini-za-uste-edna-solja-toplo-kakao-04

Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg