3 оброци со кои слабеете потполно сити
Избалансираната и здрава прехрана е главен клуч за успешното симнување на килограмите. Но, тоа не значи дека мора да ослабете преку ноќ, придржувајќи се кон ригорозни диети и гладување.
Поздрав избор се овие 3 оброци кои од вашиот организам ќе го извлече максимумот, а воедно ќе уживате во здравиот и енергичен ден.
Испробајте ги уште денес, нема да зажалите, ниту да останете гладни.
Сочен сендвич
На 2 парчиња леб од житарки намачкајте сенф или млечен намаз, а потоа додадете тенко исечена печеница или пилешки гради. Додајте безмасно сирење, неколку листови зелена салата или рукола и загрејте го сендвичот.
Десерт пијалак
Бананата ставете ја во замрзнувач околу 1 час, а потоа исечкајте ја на кругови и ставете ја во блендер. Половина свеж ананас, исто така разладен, исечкајте го на коцки и ставете го во блендер. Наместо свеж, можете да користите и конзервиран компот.
Во блендерот додајте и 2/3 соино, обично или бадемово млеко. Сè заедно измешајте и пијте го овој шејк помеѓу оброците.
Вкусни тестенини
Сварете 200 грама интегрални тестенини. Додека се топли, прелијте ги со 2-3 лажици маслиново масло, малку босилек и свеж лук, по желба. Додајте сечкани црни маслинки и конзерва туна во парчиња, која претходно ќе ја исцедите од маслото.
Додајте бибер, сол и зачини по желба. Разладете и послужете се.