Како да се ослободите од непријатниот здив?
За непријатниот здив никој не сака да разговара - ни оние кои патат од него, ниту оние кои се наоѓаат околу личности со непријатен здив. Тоа е една јавна табу тема - сите ја забележуваат, но сите молчат.
Време е тоа да се промени и отворено да се искажат сите непријатности, со цел луѓето да се решат од нив.
Дали имам непријатен здив?
Луѓето кои имаат непријатен здив најчесто не се свесни за тоа. Сите околу нив го знаат тоа, освен тие самите. Како тоа да го решите? Ќе мора да соберете храброст и да прашате некоја блиска личност. Бидете подготвени да ја прифатите болната вистина.
Привремен непријатен здив
Одредени намирници, цигарите и алкохолот може да доведат до непријатен здив, но тоа за среќа е привремен проблем. Можете во потполност да го решите со помош на средства за хигиена, мастики и свежо овошје со добар мирис.
Долготраен здив
Ако веќе долго време мачите мака со здивот, а имате здрави заби, веројатно се работи за бактерии. Што да направите? Консултирајте се со својот доктор затоа што тоа не е проблем без решение и може да се ослободите од него многу брзо.
Она што самите можете да го направите е да ги миете забите по секој оброк, но набавете и четка која има заден нерамен дел за чистење на јазикот, како и забен конец. Потоа, пијте многу вода.
Каква храна јадете?
Многу често луѓето имаат непријатен здив затоа што имаат сувата уста. Таа појава е последица од консумирање на кафе, алкохол, преработено месо или млечни производи.
Исто така, сувото чувство во устата е предизвикано и од антидепресивите, седативите и различните лекови кои ги консумирате. Затоа, погрижете се да постигнете одреден баланс со исхраната и додатоците во облик на таблети.
Што ако ништо не делува?
Ако и покрај целиот вложен труд лошиот здив никако не заминува, консултирајте се со својот доктор и проверете го своето здравје. Не се соочувајте сами со овој сериозен проблем.