Вежби за презафатени: Имате ли само 3 минути?

Ако ви е тешко да ги изгубите килограмите поради својот пренатрупан распоред, имаме добри вести за вас.

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-01

Само 20 минути вежби докажано го подобруваат вашиот метаболизам. Истражувањата покажуваат дека само со 2.5 минути интензивно вежбање може да го забрзате согорувањето калории во текот на денот. Дознајте како може тие неколку минути да ги искористите најдобро. Ова се вежбите за сите презафатени.

Овие вежби изведувајте ги со цела сила и посветеност, иако се работи само за 2 или 3 минути активност.

Планинарски вежби – Оваа вежба е добро да ја направите пред да заминете на работа. Замислете дека подот ви е стрмна планина за искачување и движете се како да се качувате. Овие кардио вежби ги зајакнуваат нозете и стомачните мускули.

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-1


Чучнувања
– вежби со брзо менување на положбата од стоење во положба на седење.

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-2


Трчање по скали
– ако немате време за други вежби тогаш барем патот по кој се движите додека извршувате некоја работа, може да го поминувате по скали наместо со лифт.

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-3


Исчекор
– зајакнете го грбот и нозете со неколку чекори. Секоја секунда ќе значи.

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-4


Ѕвезда во скок
- брза вежба која може да ја правите во секое време. Од чучната полажба да отскокнете со истегнати нозе и раце

vezbi-za-prezafateni-imate-li-samo-3-minuti-5

Што и да одберете од понудените вежби и каква и да направите комбинација, важно е да не застанувате ниеднаш во текот на 2.5 или 3 минути.

Секако, од овие вежби не можете да очекувате дека ќе ослабете или дека ќе го затегнете целото тело, но добро е да ги правите за да ја спречите вкочанетоста која се јавува поради долготрајното седење и работата во канцеларија пред компјутер.

Сепак, обидете се да најдете време за вежбање, бидејќи тоа може да ви помогне да ја забрзате работата. Ќе бидете релаксирани, посилни и побистро ќе размислувате.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg